Следи нѐ
To Top

Настапот на Алан Вокер одложен за 24 јуни – познат е целиот лајн-ап за „Скопје колинг“

Авалон продукција го објави финалниот line-up за четиридневниот фестивал SKOPJE CALLING 2018.

Како што знаете, фестивалот го отвораат AXWELL & INGROSSO на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а за Вас како специјално изненадување, ја потврдивме и денес тоа и ви го најавуваме- големата француска атракција NOUVELLE VAGUE, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер!

реклама

На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.

Настапот на Алан Вокер одложен за 24 јуни - познат е целиот лајн-ап за „Скопје колинг“

Фестивалот го затвораме со последната голема ѕвезда на електронската музика, ALAN WALKER, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.

Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија!

Сите оние што имаат купено влезници за ALAN WALKER за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.