Следи нѐ
To Top

Неизбежни теми за разговор пред бракот

Пред момчето да ја запроси девојката, мудро е да се поразговара за некои теми кои во бракот би можеле да предизвикаат проблеми, па дури и развод…

На пример, склоноста кон неверство е една од најчестите причини за крај на бракот. Ако, пак, некој од вас знае за таа склоност на својот партнер /-ка, и се надева дека може да го оттргне од тоа, односно – да направи верна личност, исто така може да се покаже како заблуда.

реклама

Секако, не можете да се сложите околу секоја ситница и да го испланирате целиот живот, но компромисот е секогаш можен, и е клучен во секоја врска. Терапевтите Холи Ричмонд и Дениз Рение, која е и сексолог, за порталот „Инсајдер“ издвојуваат четири најчести крупни проблеми во бракот.

1. Еден од вас сака деца, другиот – не

Ова прашање дефинитивно треба да се отвори пред стапување в брак.

– Честопати, партнерот кој сака деца, едноставно претпоставува дека истото го сака и другиот, и не го ни поставува прашањето. Никогаш не би препорачала стапување в брак со претпоставка дека оној другиот ќе го промени мислењеto по ова прашање, смета Ричмонд.

2. Спротивни ставови за воспитување на децата

Доколку сте се согласиле дека сакате деца, наредна тема за усогласување е – начините на воспитување. На пример, дали сето тоа ќе биде религиозно, патријархално, строго, потоа – дали сакате бабите и дедовците да учествуваат во тоа, до кој степен, итн.

3. Имате различен пристап кон парите

Кога веќе сте в брак, некои трошачки навики кај партнерот коишто дотогаш не ви пречеле, можат да се претворат во предмет на недоразбирање.

– Обично не привлекуваат луѓе поинакви од нас… Така, може вие како некој што финансиите ги води и планира педантно, да завршите во врска со некој којшто е целосна спротивност, вели Ричмонд.

Рение, пак, вели дека тоа е можност партнерите да учат еден од друг и да ги избалансираат своите навики. – Но, сето тоа пред бракот. Иако понекогаш тоа е поголемо табу и од сексот, вели таа.

4. Имате различни желби околу домот

– Ако сакате да живеете на едно место, а партнерот на друго, разговарајте и прашајте го каде ќе живеете… Расчистете и околу тоа дали сте отворени кон тоа да се селите? Што ако некој од вас добие понуда за работа? Дали ќе живеете в град или на село? – се клучните прашања на оваа тема, според Ричмонд.

Рение за крај советува дека бракот мора да се темели на јасни сознанија, а не на претпоставки. Личноста со која ќе застанете пред олтарот – мора што подобро да ја запознаете.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Љубов

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.