Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на св. Кирил

Вести

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на св. Кирил

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со делегација на владини претставници, како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“.

Како што соопшти владината прес служба, денеска, премиерот Заев и делегацијата ќе пристигнат во Базиликата „Свети Климент“ на молебен, каде ќе ги пречека старешината на Базиликата, отец Томас Мекарти. Во оваа Базилика, македонската и бугарската владина делегација заедно ќе положат венци цвеќе на гробот на св.Кирил.

Македонската делегација потоа ќе се упати кон базиликата „Санта Марија Маџоре“ каде ќе положат цвеќе на спомен плочата од папата Адриан II, во чест на св.Кирил и Методиј. Македонската делегација ќе положи венци цвеќе и на споменикот св. Кирил и Методиј во Амбасадата на Република Бугарија, каде ќе има и заеднички ручек на претседателите на владите на Република Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов.

Премиерот Заев придружуван од владината делегација утре ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск во Апостолската Палата во Ватикан, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин.

Попладне, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно – уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.