Следи нѐ
To Top

Теа Трајковска вели „Бла, бла, бла“ (ВИДЕО)

„Бла, бла, бла” е најновото музичко остварување на младата и атрактивна пејачка Теа Трајковска, која полека, но сигурно работи и на својот прв деби-албум.

Како и минатиот пат, така и овој пат довербата за новата песна Теа му ја додели на Лазар Цветковски, а како автор на текстот се потпишува токму таа.

реклама

– „Секогаш се трудиме со Лазе да направиме нешто музички поинакво од претходно, а сепак стилски блиску до мене и досегашните музички остварувања. Овој пат ќе не слушнете во летно издание кое се надевам ќе се допадне на публиката“ – вели Теа.

Видеото е во режија на „Пирамид Продукција”, односно младиот режисер Кристијан Шемко, кој има само пофални зборови за Теа.

– „Соработката за песната „Бла, бла, бла“ се случи сосем спонтано, како и нашето запознавање со Теа. Идеата за спотот е на Теа, при тоа што ни овозможи целосна контрола врз дирекцијата на спотот и естетиката. Теа е извондреден музички уметник со кого беше уживање да се работи, пред се мислам на професионалноста и нејзината изновредна глума, како и прифаќањето одредени сугестии во согласност со границите на уметничката слободна естетика. Голема благодарност до целиот тим на „Пирамид Продукција”, која професионално овозможи спотот да непрекинето тече и технички да се задоволат потребите на артистот и режијата. Голема благодарност и до кореографката Додевска Бојана, која даде навистина одлични идеи и директно учествуваше во одредени маестрални сцени. Клучно за одличниот спот секако ќе напоменам одличната локација и атмосфера на целовкупниот тим. Се надевам со овој спот многумина артисти ќе се приклучат на новиот музички правец во Македонија, А тоа е да заеднички создадеме светски дела достојни за почит кај публиката“ – изјави Кристијан.

Погледнете го видеото:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.