Следи нѐ
To Top

Македонците може да патуваат без виза во 125 земји

На високото 41. место оваа година беше рангиран македонскиот пасош според својата важност и јачина, која се мери според тоа во колку земји може да се патува во светот без виза.

Со македонски пасош без виза може да се патува во 125 земји, што, споредHenley Passport indeks, е 41 место по „моќноста“ на пасошот.

реклама

Од регионот во 180 земји можат да патуваат граѓаните на Словенија, Хрватите во 169, Србите без виза можат да патуваат во 130 земји.

Сепак, во 2018 година првото место го освои Јапонија, односно јапонскиот е „најмоќниот пасош на светот”. Граѓаните на Јапонија без виза можат да патуваат во 189 земји.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.