Следи нѐ
To Top

ФЕСТИВАЛСКА ТУРНЕЈА: „Една љубов“ помеѓу македонските и бугарските артисти

Во градскиот парк во Скопје на 16 јуни во 10 часот претпладне ќе почне првиот од осумте концерти наречени „Една љубов“. „Една љубов“ се одржува вторпат и на едно место ќе го претстави најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија.

Како што изјавија организаторите на денешната прес-конференција, помеѓу Македонија и Бугарија постои една љубов, и за илјадниците фанови и младите луѓе нема потреба од договор за добрососедство за разбирање и сакање, односно Бугарија и Македонија за првпат после толку време заедно работат на заеднички проект во еден ритам и еден јазик – јазикот на музиката.

реклама

– „Ни прави огромна чест што пред една година кога започнавме со организација на овој настан, ја имавме идејата колку е важно Македонија и Бугарија да направат нешто заедно но немавме идеја колку тешка задача е тоа. Нашите земји се најблиски земји на Балканот, а тоа ќе го докажеме со овогодинешниот фестивал – отидовме пред политиката  и оваа година „Една љубов“ е бесплатен фестивал со 12 часовна програма со артисти од сите стилови на музика, но и со секакви други атракции“ – изјави Иван од организацијата на настанот.

ФЕСТИВАЛСКА ТУРНЕЈА: „Една љубов“ помеѓу македонските и бугарските артисти

Сања Николиќ, претставник на македонската екипа од организацијата, изјави дека на нивно огромно задоволство фестивалот годинва започнува од Скопје, на 16 јуни сабота, и ќе има целоднецвна програма која ќе започне во 10 часот наутро со фамилијарна забава на која ќе настапат „Златно славејче“, Љубојна, „Ансалб блгари“ за првпат ќе има  и стенд ап комедија со Сашко Коцев, а во вечерните часови публиката ќе ја забавувааат „Некст тајм“, „Фолтин“, Слаткаристика и бугарските артисти Графа и Беси Добрева.

ФЕСТИВАЛСКА ТУРНЕЈА: „Една љубов“ помеѓу македонските и бугарските артисти

Турнејата е поддржана од македонската и од бугарската влада, а како официјални гости се најавени премиерот Зоран Заев и бугарската министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. Можно е да присуствува и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Финансиската поддршка доаѓа од бугарското МНР и македонското Министерство за култура каде средствата се добиени по пат на меѓународен конкурс, а голема поддршка даваат и локалните самоуправи кои индиректно се вклучени во организацијата на оваа фестивалска турнеја.

ФЕСТИВАЛСКА ТУРНЕЈА: „Една љубов“ помеѓу македонските и бугарските артисти

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.