Следи нѐ
To Top

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Имате уште една или две недели пред да заминете на одмор и сакате да изгледате најдобро?

Неколку врвни славни тренери ги дадоа сите совети за брзо „во последен момент“ слабеење, кои ги даваат и на своите познати клиенти. Иако не е лесна задача, добрата вест е што нема никакви трикови или изгладнувања. Дури ќе се чувствувате силно, сигурно и подготвено за само неколку дена. Проверете кои се тајните на брзното слабеење подолу!

реклама

1. Вежбајте секој ден

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Немате време за трошење, па секој миг се брои. „Ако се обидувате да се подготвите за настан во последен момент, тогаш подобро да не прескокнете ниту еден ден“, вели тренерот Зука Лајт. Таа препорачува правење на кратки 20-минутни вежби со мали тегови или без. „Најдобрите вежби се со висок интензитет и кратки рутини кои комбинираат кардио, сила, издржливост, баланс и флексибилност“, вели таа. „Во суштина вие користите функционални вежби кои се насочуваат на секоја компонента на фитнесот во една моќна рутина.“ Таа исто така препорачува тренинг во интервали за да согорите маснотии, како и пилатес за да ја дефинирате вашата половина.

2. Не претерувајте во тоа

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Додека вежбањето е од суштинско значење за да постигнете видливи резултати, претераното вежбање пак може да има спротивен ефект, предупредува тренерот Ахмад Бари. „Ако сте на диета и плус вежбате премногу, ќе направите повеќе штета на вашето тело создавајќи токсична средина, која резултира во телото со задржување на маснотиите“, објаснува тој. Наместо долги, премногу тешки вежби, Ахмад вели дека треба да се фокусира на квалитетот на вашите повторувања со цел да се стимулира растот на мускулите. „Било што плус би било преоптеретување на системот. Вашето тело го чита стресот како сигнал за задржување на складираните маснотии наместо нивно ослободување во крвотокот за да се искористи како гориво за вашите мускули“, вели тој.

3. Изберете висок квалитет

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Изберете храна со висок квалитет. „Изборот на храна со добар квалитет дава резултати, без разлика која е вашата цел“, вели Зузка. Исто така, се препорачува тазе зеленчук со темно-зелена боја кој помогна да се нахрани телото додека губи килограми.

4. Хранете го вашето тело правилно

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Кога се подготвувате за настан во последен момент, јадењето станува помалку гастрономски оборк за уживање и повеќе јадење на храна која ги дава хранливите материи потребно на телото за да остане со енергија. „Вие буквално го храните вашето тело само со тоа што му е потребно, во поглед на големината на порцијата и здравјето“, вели Тиа Фалконе. За многумина тоа значи ослободување од процесуираната храна, алкохол, кофеин, шеќер, леб и тестенини, и наместо тоа потребна е храна со протеини и зеленчук богат со влакна заедно со здрави масти како авокадо и маслиново масло.

5. Бидете сериозни

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Ако навистина сакате да постигнете видливи резултати, време е да бидете сериозни во вашите акции, вели Јулија Каска. „Секој залак и секунда се брои“, потсетува таа. Таа за нејзините клиенти вели: „ако тие не се сериозни за тоа, не е важно што ќе им кажам јас да направат, и времето што го поминуваме заедно вежбајќи нема да биде од корист.“

6. Исклучете ја белата храна

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Имате само една недела за бикини-тело за одмор на плажа? Тренерот Теди Бас има едноставен метод за да се чувствувате и изгледате најдобро: „Исклучете ја сета бела храна.“ Елиминирањето на сол, шеќер, млечни производи и бело брашно може да ви помогне да изгледате помалку надуено и да ви даде повеќе енергија за да се чувствувате најсамоуверено на плажа.

7. Потребни се протеини

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

За да изградите мускули и да имате доволно енергија да ги завршите сите вежби, потребно е да го засилите внесувањето на протеините. „На моите клиенти им велам да конзумираат 40 грама протеини наутро“, вели Ахмад. И тренерот Мари Пурвис препорачува: „Триесет грама протеини во рок од 30 минути по будењето“, можат да помогнат во стимулирањето на губењето на маснотии и ја одложува глатта во текот на денот.

8. Визуелизирајте го тоа

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Може да биде застрашувачки да мислите како ќе ја постигнете замислената цел, па одвојте некое време наутро за да се подготвите за успех. „Одвојте пет минути пред да го почнете денот, развивајќи ги чувствата или визуелизирајте слика од успешен исход, а не иден настан“, советува Ахмад. Тој, исто така, препорачува да ги споделите вашите мали цели со блиските пријатели за да ви ја оддржи мотивацијата.

9. Не јадете доцна навечер

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Дајте си време за да ги согорите тие калории. „Не јадете по 7 часот попладне или три саати пред спиење“, советува Јулија. Осигурајте се доволно да јадете во текот на денот за да не се чувствувате гладни навечер, со јадење на протеини, зеленчук богат со влакна, здрави масти и сложени јаглехидрати.

10. Бројте ги калориите внимателно

ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 10 „ласт минит“ совети за подготовка за бикини-тело

Губењето на тежина вклучува намалување на калории, но треба да бидете внимателни во количината на намалената храна. Се уште ви се потребни доволно калории за да обезбедат доволно енергија на вашиот организам за вежбање.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.