Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Парфем инспириран од Палатата Кенсингтон

Занимливости

Парфем инспириран од Палатата Кенсингтон

Кога сер Вилијам Хенри Пенхалигон во 19. век првпат дошол и се сместил во Лондон работел како ексклузивен парфем-мајстор за кралицата Викторија. Оттогаш до денес, неговата служба кај кралското семејство остави длабока трага, низ препознатливите егзотични понуди на брендот „Пенхалигон“.

Пенхалигон живеел во доба на најпрефинета англиска племенитост. Бил духовит, креативен и секогаш инспириран од она необичното. Велат дека и познатиот британски премиер Винстон Черчил подоцна ги обожавал неговите парфеми.

Овој бренд, со неколкувековна традиција, неодамна го претстави новиот „Кенсингтон“ мирис кој ја содржи истата класа, карактер и привлечност како и сите претходни, оти и тој е направен на база на рачно цеден бергамот и цвет од јасмин, но збогатен со цимет и ванила.

Новиот производ моментно е достапен само во Англија, Велс и Јужна Шкотска.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.