Поврзи се со нас

Популарно.мк

Лабрадор се окучи на аеродром во Флорида

Занимливости

Лабрадор се окучи на аеродром во Флорида

Лабрадор се окучи непосредно по качувањето на патниците во авионот на меѓународниот аеродром во Тампа, Флорида.

Двегодишното куче водич Елеонора, позната како Ели, требало со сопствениците да патува за Филаделфија, но целото семејство морало да го пропушти летот.

Медицинскиот тим на аеродромот и помогнал на Ели да се окучи, а таа и нејзиниот партнер, кучето Нагет, сега се родители на седум машки и едно женско кученце.

Како што наведува Би-Би-Си, сопствениците на Ели знаеле дека таа чека кученца, но не можеле да претпостават дека тоа ќе се случи токму на аеродромот.

Ели е службено куче обучено да им помага на луѓе со инвалидитет.

Портпаролот на аеродромот за локалните медиуми соопшти дека сопствениците на Ели, мајка и ќерка, веќе биле качени во авионот кога таа почнала да се окучува.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.