Следи нѐ
To Top

Трамп на состанок со Ким Кардашијан во Овалната соба

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прими старлетата Ким Кардашијан на разговор во Овалната соба, на којшто се дискутираше за реформите во затворската политика.

Ѕвездата од реалните шоуа во Белата куќа се сретна со претседателот и со неговиот советник и зет Џаред Кушнер. Кардашијан инаку се залага за укинување на затворската казна на Алис Џонсон, која е осудена на доживотен затвор за шверц со дрога, но е и прабаба.

реклама

Адвокатката Британи Барнет за „Дејли Меил“ потврди дека Кардашијан побарала од претседателот Трамп да ја помилува Џонсон.

Во 1996 година Џонсон беше осудена за трговија со дрога и перење пари, откако сите нејзини 15-мина соучесници сведочеа против неа. – И покрај минималната улога на Џонсон во „кокаинскиот синџир“, таа ја доби највисоката казна… Денеска и е роденден, па нема поголем подарок од слободата, истакна Барнет.

Кардашијан е задоволна од средбата со Трамп и, како што самата напиша на Твитер, надежите за помилување на г-ѓа Џонсон се реални.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.