Следи нѐ
To Top

Франција отвори лотарија со цел обнова на замоците

Францускиот претседател Емануел Макрон ја покрена националната лотарија која има за цел собирање средства за обнова на замоците и други историски знаменитости во земјата.

Проектот е најавен денеска, при посетата на дворецот на познатиот француски филозоф Франсоа Волтер. кој се наоѓа близу границата со Швајцарија, и кој е пример за успешна обнова.

реклама

Од собраните парични средства, корист ќе имаат 250 објекти, меѓу кои и тврдина изградена во 18. век на Карибите, на островот Британи, којашто била дом на писателот Еме Сезар. Натаму, на списокот се наоѓа и бургундиски замок од 12. век, како и римски аквадукт во источна Франција.

Макрон, кој е познат љубител на културата и историјата, се надева дека овој проект ќе и донесе милиони евра на државата, освен паричните награди за добитниците.

Како што јавуваат локалните медиуми, ова е прв ваков проект во Франција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.