Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шварценегер се вклучи во борбата против загадувањето со пластика

Сцена

Шварценегер се вклучи во борбата против загадувањето со пластика

Актерот и политичар Арнолд Шварценегер се вклучи во глобалната инцијатива на Обединетите нации (ОН) за борба против загадувањето со пластика.

Иницијативата „Победи го пластичното загадување“ ќе се одвива под мотото „Ако не можеш повторно да го употребиш, одбиј го!“, ОН ја промовираше по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, кој се одбележува на петти јуни.

Во проeктот се апелира да не се користат пластични предмети за еднократна употреба и на тој начин да се поддржи борбата против загадувањето со пластика.

Шварценегер на социјалните мрежи објави видео на кое крши пластична лажица, повикуваќи ги луѓето пластичните предмети да ги заменат со оние од друг материјал.

– Досега употребував пластични лажици, но сега ќе ги заменам со метални. Сите мораме да вложиме сериозен труд за да создадеме здрава средина, да ги исчистиме океаните и да ја спасиме планетата, истакна тој.

Шварценегер за иницијативат го номинираше и неговиот колега Леонардо ди Каприо, кој исто така е активист за заштита на животната средина.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.