Следи нѐ
To Top

Стартува #СкопјеГурман – најочекуваната гурманска кампања во градот, по четврти пат!

Повторно започнува гурманската еуфорија во градот! Водечкиот сајт за групни попусти – Grouper.mk по четврти пат ја реализира најочекуваната кампања во годината “Недела на храна” #СкопјеГурман која започнува на 4ти јуни, а ќе трае цел месец.

Kампањата “Недела на храна #СкопјеГурманчетврти пат по ред ќе го претвори Скопје во најгурманско место до сега преку понудата на над 100 зделки по непобедливи промотивни цени од преку 70 локални ресторани. Годинава кампањата е поддржана од Mastercard и збогатена со специјална акција со омиленото пиво Скопско – 1+1 гратис, каде што со секој купен купон за пиво, се добива едно гратис, Во секоја кампања имаме екстра активности посветени на корисниците, па така и овој пат за сите гурмани и дегустатори на највкусните зделки припремивме подароци и други изненадувања. Неколку пати во годината организираме тематски кампањи кои целат да промовираат одредена категорија и да понудат дополнителна вредност за граѓаните и вклучените компании.” – кажуваат од Grouper.mk.

реклама

Во изминатите 3 години кампањата #СкопјеГурман предизвика забележителнa возбудa не само кај најдобрите угостителски објекти во градот, туку и кај наjголемите гурмани. Минатата година кампањата ја следеа преку 300.000 корисници и беа продадени над 17.000 купони. Оваа година од Grouper кажуваат дека ќе “врне” храна и попуст, а за најава на најгурманската кампања креираа интересно и креативно видео.

Овој јуни, груперската гурманска мапа вклучува угостителски објекти од сите делови на градот, a на менито можат да се најдат италијански специјалитети (Kaj Џино, Венето, Senigallia, Форца), сочни бургери (Центар Бар, Bistro Skopje), специјалитети од азиска и ориентална кујна (Star Ocean, Наргиле), за љубителите на здрава храна – смутиња, салати, протеински сендвичи (Soho House, Markt); слатки задоволства и десерти (Радост, Кремисимо, Chocolat Bistro) и уште многу други специјалитети и деликатесни места кои ќе ги отворат вратите за сите Grouper гурмани.

Овогодинешната кампања има и хуманитарен карактер, па така со секое купување на зделка од #СкопјеГурман со Mastercard картичка, Grouper донира процент од сумата за оние кои им е најпотребно.

На крајот на вкусната кампања, и оваа година Grouper заедницата ќе ги одбере најдобрите ресторани во повеќе категории, а овој пат Grouper ќе ги избере и 10те најгурмани со најмногу купени купони за кои следуваат вредни подароци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.