Поврзи се со нас

Популарно.мк

Од 21 до 24 јуни – „Скопје колинг“ по трет пат!

МК Сцена

Од 21 до 24 јуни – „Скопје колинг“ по трет пат!

Од 21 до 24 јуни, на Стадионот на АРМ во Скопје ќе се одржи третото издание на фестивалот „Скопје колинг“ на кој ќе настапат светски познати музичари и диџеи.

На денешната прес-конференција беше објавено дека фестивалот го отвора шведското диџеј дуо AXWELL & INGROSSО, со настап на 21 јуни. На 22 јуни, настапува англиското електронско дуо „Morcheeba“, и французите NOUVELLE VAGUE, како специјално изненадување. 23 јуни е рокерска вечер, за првпат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња , ТEXAS, во иста вечер со хрватскиот рокер Дарко Рундек. Фестивалот ќе се затвори со диџеј-ѕвездата на електронската музика, ALAN WALKER, кој настапува на 24 јуни.

Македонски диџеи кои ќе го надополнат фестивалот со свои настапи се Александар Галоски и Апов на 21 јуни, а Сирилик и Дуоз на 24 јуни.

Организаторите најавуваат дека очекуваат бројка од 15.000 публика од целиот регион. Овој настан се одржува за фановите на овие музичари, бендови и диџеи да не одат на фестивали надвор, туку да ги имаат дома.

Ивана Нолчева, од продукцијата организатор, го најави „Скопје колинг“ како најголем настан со светска сцена и продукција.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.