Следи нѐ
To Top

„ЕГЗИТ“ СО НОВ ХЕДЛАЈНЕР: Стигнува и рап суперѕвездата Френч Монтана!

Овогодишниот EXIT (ЕГЗИТ) фестивал ќе ги собере на едно место најбараните ѕвезди на денешницата, а оваа ударна селекција тукушто стана посилна со уште една суперѕвезда!

Директно од врвовите на светските топ листи во петок, 13-ти јули, на главната бина на официјално најдобриот европски фестивал стигнува еден од најбараните светски рапери, French Montana (Френч Монтана)! Фамозниот музичар од Бронкс е сопственик на албумите и сингловите од врвот на американските топ листи, како и добитник на три престижни БЕТ награди, покрај трите Греми и една Билборд номинација, а неговиот мултиплатинест хит „Unforgettable“, минатата година експлодира на радио станиците ширум светот и денеска има вртоглави 700 милиони ЈуТјуб прегледувања!

реклама

French има соработувано со плејада ѕвезди, како што се уште еден од хедлајнерите на овогодишниот EXIT фестивал, една од најголемите групи на денешницата – Мигос, но и Дејвид Гета, Д Викенд, Кање Вест, Џенифер Лопез, Мајли Сајрус, Виз Калифа, Џејсон Деруло, Афроџек, Карди Би, Дрејк, Рик Рос и бројни други, додека негов издавач е никој друг туку Пи Диди. Не му одолеа ниту Холивуд, па најпопуларниот суперхерој кој ги полни кино-салите ширум светот, „Deadpool“, во саундтракот го има неговиот актуелен хит „Welcome To The Party“ кој се наоѓа високо на ЈуТјуб „трендинг“ листата!

Ова големо засилување не е единствено, бидејќи завршната журка и досега најголемото финале на Егзит со Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Алис Мертон, Нина Кравиц, Тејл Оф Ас, Ред Аксес и бројни други, тукушто стана поголемо! На главната бина на ЕГЗИТ фестивал доаѓа мистериозниот американски хитмејкер ZHU (Зу), како и популарниот амстердамски блуз-фанк бенд My Baby (Мај Бејби), милениците на европските фестивали кои свиреа на гигантскиот Гластонбери дури шест пати!

Во исто време, на Денс Арената на веќе најавениот тандем Тејл Оф Ас и бескомпромисната техно кралица Нина Кравиц во недела вечер ќе им се придружат и италијанскиот диџеј маестро Joseph Capriati (Џозеф Каприати), харизматичниот и непредвидлив Данец Kolsch (Колш), првата дама на берлинската електронска сцена Dana Ruh (Дана Ру) и извонредниот тандем од Бања Лука After Affair (Афтер Афер)!

За вистинска грозница на саботната вечер која оваа година ја предводат Соломун и Борис Брејша, на Арената доаѓа и британското хит трио Disciples (Дисајплс), кое од својот претходен настап на Егзит објавија нови мегахитови меѓу кои и летната хаус химна „On My Mind“!

Автентичниот дух на Бронкс, каде што пораснал French Montana, и Мароко, каде што е роден, и тоа како се видливи во неговите заразни нумери кои го полудеа светот во последните неколку години, а ѕвездената прашина се крена по него со објавувањето на изданието „Casino Life 2: Brown Bag Legend“, на кое се најде хитот „Moses“ на кој му гостуваат и Мигос.

Повторно ја раздрма музичката сцена со објавувањето на вториот албум „Jungle Rules“ кој веднаш се најде на третото место на престижната Билборд 100 листа, а главниот сингл „Unforgettable“ стигна до третото место на Билборд Топ 100 листата на синглови, како и до првото место на американската Хип-Хоп листа, а платинест тираж постигна во повеќе од 20 земји во светот!

Неговата волја е челична, амбицијата гигантска, а распоредот густ – покрај собирањето на милијарди прегледувања, многубројните награди и номинации, French Montana се покажа и како голем хуманитарец и гласен поборник за бесплатно здравствено осигурување, а започна и глобална кампања за изградба на центар за мајки и бебиња во Уганда. Неговиот активизам е уште една причина поради која и избран да настапи на главната бина на ЕГЗИТ фестивал, кој и самиот го негува општествениот активизам како еден од своите темели.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.