Следи нѐ
To Top

На иницијатива на вицепремиерот Анѓушев трасата на гасоводот низ парк-шума Водно ќе се разгледува заедно со граѓаните

Вчера попладне претставници од граѓански инцијативи се сретнаа со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на негов повик, заедно со директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и шефот на неговиот кабинет, Никола Наумоски, во просториите на Владата на РМ.

Некој го довел во заблуда вицепремиерот дека се работи за шума од 600 метри до максимален потег од 1 км која би се исекла при изградба на гасоводот на Водно.

реклама

Податоците на граѓанските иницијативи и теренското разгледување на трасата предводено од изведувачот Рапид Билд укажуваат на сосема друга, далеку подраматична состојба за степенот на уништување на шумите и биодиверзитетот кој би настанал при изградбата на гасоводот во парк-шума Водно.

Вицепремиерот Анѓушев иницира да се оди заедно по трасата на Водно за да се направи увид на штетата која би настанала. Терминот ќе се утврдува понатаму.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.