Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Возилото на Мистер Бин на аукција

Занимливости

Возилото на Мистер Бин на аукција

Зелениот автомобил „Бритиш лејланд мини” којшто комичарот Роуан Еткинсон со години го возеше во серијата „Мистер Бин” е ставен на аукцијата под наслов „Икони и легенди од Холивуд”. Почетната цена е 60.000 долари.

В првата епизода автомобилот на Бин беше портокалов, и беше уништен на крајот на истата епизода. Оттогаш, Бин не се оддели од своето зелено-жолтеникаво милениче со црна хауба.

На возилото од 1977 година не е променето ништо од снимањето до денес, а во описот на аукциската куќа стои дека со него ќе го добиете и оригиналниот мотор кој не е тестиран, како и други механички делови. Освен овој автомобил, на аукцијата ќе се најде и автобусот што Сандра Булок и Кијану Ривс го возеа во филмот „Брзина”, за почетна цена од 20.000 долари.

На наддавањето, ќе можете за 1.700 долари да ја купите и пилата од хорор филмот „Тексашки масакр со моторна пила 2″.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.