Следи нѐ
To Top

Тексашанец го каснала змија откако и ја отсекол главата

Тексашанец за малку ја избегна смртта, откако го касна змија на која претходно и ја отсекол главата. За да го спасат лекарите му дале дури 26 дози со противотров.

Џенифер Сатклиф за локалните медиуми соопшти дека нејзиниот сопруг додека работел во градината здогледал ѕвечарка долга 1,25 метри на која и ја отсекол главата.

реклама

Кога почнал да ги собира деловите од змијата, тој бил каснат од главата, бидејќи рефлексот за каснување кај змиите се задржува и до неколку часа од нивното угинување.

Џенифер Сатклиф наведе дека нејзиниот сопруг веднаш добил напад, по што бил префрлен во болница каде примил 26 дози со противотров, а дури по неколку дена тој бил во стабилна состојба.

Стручњаците упатија апел до граѓаните да не ги убиваат змиите, особено не на тој начин, бидејќи е сурово, но и опасно за самите нив.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.