Поврзи се со нас

Популарно.мк

Технички проблем на Фејсбук – загрозени личните пораки на 14 милиони корисници

Интернет

Технички проблем на Фејсбук – загрозени личните пораки на 14 милиони корисници

Фејсбук соопшти дека личните пораки на 14 милиони корисници по грешка биле изнесени пред пошироката јавност четири дена, во периодот од 18 до 27 мај. 

Инцидентот се случил по дефект во компјутерскиот систем, којшто бил откриен деновиве, изјави Ерин Иген, одговорна за прашањата на заштита на приватноста во Фејсбук. Таа додава дека проблемите сега се отстранети.

Оваа грешка се случува во период во кој социјалната мрежа работи на нови начини на споделување на некои елементи од профилот, како на пример слики и видео снимки.

– Го решивме проблемот и од вчера започнавме да ги предупредуваме засегнатите да си ги проверат пораките од тој период, рече Иген.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Интернет

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.