Следи нѐ
To Top

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Договорена Република Северна Македонија, потписот ќе се стави во сабота во Преспа

Грчките медиуми јавуваат дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев се договориле за името – Република Северна Македонија, а договорот ќе го потпишат најверојатно во сабота во Преспа, на грчка територија, објавуваат дел од медиумите во Грција.

Тие додаваат дека многу работи ќе бидат појасни по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери, за кој грчките медиуми коментираат дека е клучен и веројатно ќе доведе до решение, јавува МИА од Атина.

реклама

„Скопско прашање: еден чекор пред договор“; „Денес се затвора скопското прашање“; „Денес клучниот телефонски разговор“; „Северна Македонија договорено име“, се дел од насловите во грчките медиуми, во пресрет на денешниот, нов, телефонски разговор.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.