Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УЛИЧЕН ТЕАТАР ПОД ОТВОРЕНО НЕБО: Денеска започнува Баскерфест 2018

МК Сцена

УЛИЧЕН ТЕАТАР ПОД ОТВОРЕНО НЕБО: Денеска започнува Баскерфест 2018

Вечерва во 19:00 за сите посетители ќе биде отворен 13-тиот по ред фестивал на улични изведувачи, Баскерфест 2018.

Градскиот плоштад „Македонија“, шест дена од 12-17 јуни ќе биде претворен во уличен театар под отворено небо со улични артисти од Јапонија, Индија, Аргентина, Франција, Шпанија, Бразил, како и млади македонски музичари и светски баскер бендови.

За најмладите ќе има и детска едукативна работилница „Киндер Парк“, едукативен пет корнер за животни, како и неколку интеркативни игри.

Во склоп на Баскерфест ќе има и интерактивни инсталации поставени на целиот плоштад, како и натпревар за креативни уметници- „Арт’Н’Крафт“. За фудбалските фанови, по повод престојното Светско фудбалско првенство, ќе има спортски забавен корнер.

Фестивалот, традиционално е под покровителство на Град Скопје.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.