Следи нѐ
To Top

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ВО ПРЕСПА: Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе го потпишат договор за името

Во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро во тек е потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција со кој ќе се стави крај на 25-годишниот спор за името. 

Договорот ќе го потпишат шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц. Договорот предвидува ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија.

реклама

На потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, владини претставници и претставници од меѓународната заедница.

Потпишувањето се одвива под зајакнати безбедни мерки и во присуство на високи претставници на меѓународната заедница.

Договорот со Грција е насловен „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.