Следи нѐ
To Top

„СКОПЈЕ КОЛИНГ“ НИЗ ФОТОГРАФИИ: Метрополата се претвори во забава на отворено

Четири фестивалски дена и илјадници посетители го одбележаа третото издание на фестивалот „Скопје колинг“, кое е најава за жешкото фестивалско лето во Македонија, но и во регионот.

Светски познатиот рок-бенд „Морчиба“, дуото Аксвел ен Ингросо и Алан Вокер во делот на електронската музика и хрватскиот музичар Дарко Рундек беа главните ѕвезди кои четири дена ја забавуваа фестивалската публика.

реклама

Фестивалот го отвори диџеј дуото Аксвел ен Ингросо кои главниот град го претворија во забава на отворено, носејќи ја магијата на светските електронски музички фестивал на стадионот на АРМ во Скопје.

„СКОПЈЕ КОЛИНГ“ НИЗ ФОТОГРАФИИ: Метрополата се претвори во забава на отворено

Драган Тануровски / Популарно.мк

Втората фестивалска вечер на „Скопје колинг“ почна со мини-концертот на скопската група „Фанк шуи“. Момците, кои важат за голем потенцијал на домашната музичка сцена, своето искуство на живи свирки го збогатија со настап пред неколкуилјадна публика, пред која се претставија со цврст и компактен звук, ветувајќи нешто многу поамбициозно наскоро. Групата „Нувел Ваг“, за жал, не настапи бидејќи половина од членовите на бендот не успеаја да допатуваат во Скопје.

Поради тоа организаторите на летниот музички фестивал, продукцијата „Авалон“, преку социјалните мрежи известија дека влезот за вториот фестивалски ден, во петокот, ќе биде бесплатен.

Во саботата пред скопјани настапи извонредниот Дарко Рундек со својот оркестар, а предгрупа беше скопскиот бенд „Саундеџ“.

„СКОПЈЕ КОЛИНГ“ НИЗ ФОТОГРАФИИ: Метрополата се претвори во забава на отворено

Драган Тануровски / Популарно.мк

Ова беше уште еден во низата одлични настапи во Скопје на еден од најреномираните музички автори во регионот. Неговата верна, иако не многу многубројна публика, во саботата уживаше во врвната атмосфера што ја приреди за своите обожаватели неприкосновениот Рундек, дополнувајќи го својот настап со препознатливите музичко-сценски перформанси со посебна костимографија и режија. На сцената се случуваше уникатен аудиовизуелен настан со музика и со поетика, која стана дел од животот на повеќе генерации во регионот.

Еден од најпопуларните диџеи и продуценти на денешницава, Алан Вокер, беше ѕвезда на затворањето на големиот музички фестивал „Скопје колинг“, во организација на „Авалон продукција“. Забавата почна со настапите на диџеј Љубиша, Кортекс, Дуоз и Сирилик. Но неколкуилјадната публика со нетрпение го чекаше настапот на Вокер.

„СКОПЈЕ КОЛИНГ“ НИЗ ФОТОГРАФИИ: Метрополата се претвори во забава на отворено

Марко Марјановиќ / Популарно.мк

Норвешкиот диџеј ја поздрави публиката на македонски јазик, а потоа го почна својот сет кој траеше 90 минути. 21-годишниот диџеј и во текот на целиот настап комуницираше со публиката. Таа реагираше со овации на секоја песна, но најмногу на најголемите хитови на Вокер, Alone и Faded. Популарниот музичар вечерта пушташе и големи светски хитови, а ја промовираше и својата нова песна Ignited.

Настапот на Алан Вокер на „Скопје колинг“ беше дел од неговата светска турнеја.

This slideshow requires JavaScript.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.