Поврзи се со нас

Популарно.мк

Канаѓанец продавал вода од виршли како врвен еликсир за здравје

Занимливости

Канаѓанец продавал вода од виршли како врвен еликсир за здравје

Знаејќи дека луѓето се подготвени да издвојат поголема сума пари за нешто што би ги направило здрави, еден уметник од Ванкувер, Канада, почнал да продава вода во која се вареле виршли на уличен фестивал. И секако, луѓе тоа го купувале.

Даглас Беванс го продавал „еликсирот“ под името „Хот-дог вода”. Како што вели, тој сварил околу 100 органски виршли, а потоа водата во која се вареле ја претурил во шишињата. Приготвениот напиток го продавал по цена од 38 долари за едно шише.

На крај од неделата имало и специјална понуда – две шишиња за „само“ 75 долари (намалување од само еден долар).

Канаѓанецот на заинтересираните купувачи им ветувал исклучителни здравствени придобивки, како што се слабеење, млад изглед и, секако – подобра работа на мозокот.

Беванс за порталот „Ванкуриер“ открива дека така продал вкупно 60 литри од „еликсирот за здравје“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.