//
Следи нѐ
To Top

Топло, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец, а попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната  од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

реклама

Во Скопје претпладне сончево со слаб ветер од променлив правец. Попладне со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните  делови. Утринската температура ќе се движи до 17, а дневната ќе достигне до 33 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските делови. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.