//
Следи нѐ
To Top

ЕКСКЛУЗИВНО: Шон Пол доаѓа во Скопје!

Една од најактуелните светски ѕвезди, јамајканскиот суперстар Шон Пол (SEAN PAUL) на 23 август ќе гостува во Скопје!

Во склоп на неговата светска турнеја, од сите локации во регионов, Шон Пол ќе настапи само во Скопје!

реклама

Една од најголемите ѕвезди на денешницата, на дружба со македонската публика пристигнува директно од Кардиф, Велика Британија, а по Скопје продолжува кон Азија. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со својата комплетна екипа составена од врвни танчари и музичари. Влезниците за овој уникатниот настан во организација на Fusion Production и Akasha booking во претпродажба ќе бидат пуштени од денес, и тоа по специјално намалени цени, во ограничен број преку продажните мрежи на karti.com.mk и mktickets.mk, како и на kupikarti.mk.

Шон Пол Енрикес е роден на Јамајка. Потекнува од спортско семејство, и сосема логично било и тој да се занимава со спорт. Тоа всушност и го правел додека бил на возраст меѓу 13 и 21 година. Но тука завршува спортската приказна и покрај талентот, затоа што сфаќа дека негова љубов е всушност музиката.

Првиот сингл го издава во 1996 година – „Baby girl (Don’t cry)“ со продуцентот Џереми Хардинг. Песната станува популарна и не само на Јамајка. 1999 година е година на негов пробив, а веќе во 2000 излегува деби студискиот материјал „Stage One“ и тогаш всушност и светот слуша за Шон Пол. Во 2002 година следува „Dutty Rock“ – албум кој се продава во 6 милиони копии. Една од темите „Get Busy“ три недели е на врвот на Billboard Hot 100 и една на Billboard’s Hot R&B/Hip-Hop. Дуетската со Бијонсе „Baby Boy“ е на првите позиции девет и пет седмици. Во 2004 ја добива првата Греми статуетка за најдобар реге-албум.

И тоа е само почеток, зашто во портфолиото на Шон Пол се запишани неколку Билборд музички награди за најпродаван реге музичар и реге албум; потоа за омилен поп или рок музичар на Американските музички награди, најдобар реге пејач на Јамајканските награди…

Не помалку успешен е и неговиот следен проект „The Trinity“ кој се продава во над 4,5 милиони копии… И тоа е само почеток, зашто следуваат се поголеми успеси, како и соработките со Juicy J, 2 Chainz, Nicki Minaj, Konshens… И, секако, неговата петта Греми номинација. Се редат соработки со Enrique Iglesias, Major Lazer, Pharrell Williams, Sia -“Cheap Thrills”, Little Mix (“Hair”), Clean Bandit (“Rockabye”), Dua Lipa (“No Lie”) и “Mad Love” со David Guetta и Becky G, која дојде на почетокот од оваа 2018 година.

И уште еднаш – заокружете го 23 август 2018. Единствениот датум и единствена можност за да присуствувате на овој незаборавен спектакл.

ШОН ПОЛ ВО СКОПЈЕ, ШОН ПОЛ ВО МАКЕДОНИЈА!

Концертот е закажан на Стадионот на АРМ, во градскиот парк, со почеток во 20 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.