Следи нѐ
To Top

Почнува новото, рекордно издание на Д Фестивал!

Утре (петок, 6-ти јули) официјално почнува програмата на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран, единствената фестивалска авантура во Македонија која годинава е пред своето осмо и рекордно издание од аспект на бројот на посетители но и учесници во програмата!

Првите посетители на Фестивалот и ова лето пристигнуваат ден порано, веќе денеска од 15:00 часот кога официјално ќе биде отворен фестивалскиот камп во Дојран.

реклама

Маратонската тридневна музичка програма, атрактивните имиња на стотиците учесници, реакциите и интересот на публиката, огромниот број на специјални гости во дополнителната програма и годинава потврдуваат дека Д ФЕСТИВАЛ со секое свое издание постигнува нови рекорди и дека од 6-ти до 8-ми јули нѐ очекува највозбудливото фестивалско доживување досега, а Дојран за време на овие денови на културно-уметнички раскош е најпосакувана дестинација во Македонија!

Само во музичката програма на Д ФЕСТИВАЛ своето учество го потврдија повеќе од 50 музички изведувачи, а двојно повеќе гостуваат во ракми на импресивниот број дополнителни активности во ПлоштАРТ зоната на Фестивалот.

Меѓу предводниците на четирите музички бини, оваа година се запишаа големите светски, домашни и регионални ѕвезди како што се ПОЛ ВАН ДАЈК, АРХАНГЕЛ, ДИСАЈПЛС, ДУКЕ БОЈАЏИЕВ, СЕВДАЛИЗА, ГОРАН ТРАЈКОСКИ, ФИНК, СМАТ, СОНИК СПИСЕС, КОНКЕРИНГ ЛАЈОН, ХУ СИ, ФРЕНКИ, ФАНКИ ФРЕШ, ТРАП ДА ФАК АП, КОАЛА ВОИС, ХЕЛЕМ НЕЈСЕ, БРКОВИ и многу други.

Музичката програма ќе се одвива речиси без престан за време на трите дена и тоа на Главна Бина, Mosquito Stage, Lake Awake и Church Stage, а годинава се воведува и музичкиот REGGAE BAR резервиран за позитивните вибрации во центарот на фестивалскиот камп.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.