Следи нѐ
To Top

Фестивал на узото на островот Лезбос

„Узо фест” – фестивалот посветен на производот карактеристичен за грчкиот остров Лезбос, како и за цела Грција – узото, започнува утре во гратчето Пломари.

Фестивалот се одржуваа секоја година, почнувајќи од 2013. и е организиран од Асоцијацијата на производителите на узо на островот. На 6 и 7 јули манифестацијата ќе се случува во Пломари, а на 8 и 9 јули таа се сели во централниот град на Лезбос, Митилини.

реклама

Посетителите ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 40 видови узо. Во рамките на фестивалот, се предвидени и музички и гурмански специјалитети, преку коишто туристите ќе ја искусат тамошната култура, заедно со традиционалното узо.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.