Следи нѐ
To Top

РЕКОРДОТ Е УРНАТ: Преку 50.000 луѓе ги поминаа капиите на Егзит (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Првите два дена јасно наговестуваа дека овогодинешниот Егзит поново ќе го достигне својот максимум, а во саботите секогаш се случува тоа! Вчеравечер преку 53.000 посетители ги минаа фестивалските капии на Петроварадин, рушејќи го рекордот на посетеност на фестивалот Егзит.

Централното место вчеравечер беше резервирано за едната и единствена Грејс Џонс, која пред публиката на главната бина настапуваше дополнителни 45 минути, говорејќи дека никогаш не сака да си оди од Егзит.

реклама

На преку 40-те фестивалски зони владееше заразно позитивна атмосфера од почетокот до изгрејсонцето на новиот ден, а епицентарот на случувањата беше главната фестивалска бина, на која за првпат застанаа Бајага и Инструктори. Они пред публиката, која хорски пееше, одржаа права лекција за рокенрол, а нашиот култен фронтмент и жива легенда на цел регион се заблагодари со зборовите – „Беше задоволство да се настапува на Егзит, ви благодарам Нови Сад, најдобри сте!“.

Колосалната „Денс арена“ синоќа прими над 10.000 посетители, каде апсолултна ѕвезда на вечерта беше електронскиот маг Соломун. Тој пред преполната Арена уште еднаш докажа зашто е еден од современите резиденти на фестивалот, а по овацијата на публиката, која не сакаше да го прати назад на Ибица, го продолжи својот настап за половина час повеќе. Увертира на оваа бина приредија и момците од Дисајплс кои беа загревање на забавата на историската бина.

This slideshow requires JavaScript.

Вечерва е спектакуларниот крај на фестивалот Егзит, каде на главната бина ќе настапат двајцата најдобри диџеи на светската сцена, Мартин Гарикс и Дејвид Гета, а со нив и хитмејкерот Махмут Орхан, инди-рок ѕвездата Алис Мертон и мистериозниот Жу.

На вчерашната прес-конференција на фестивалот беше објавено и дека фамилијата на Егзит се проширува со уште еден фестивал, под името „Ноу слип“, кој ќе се одржи оваа година во ноември во Белград.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.