Следи нѐ
To Top

Tаткото на Меган Маркл тврди дека неговата ќерка страда

Томас Маркл, таткото на војвотката Меган Маркл, изјави дека според нејзиното однесување може да се види дека „тешко излегува на крај со обврските од кралскиот начин на живот“, но и дека одбива да разговара за тоа.          

Тој вели дека со неговата ќерка не разговарал од венчавката, а последниот пат разговарале за неговата здравствена состојба по операцијата на срцето.

реклама

–          Имам впечаток дека мојата ќерка е уплашена од животот што во моментов го води, изјави Томас Маркл за „Сан“ .

Според него, очите на Меган кријат длабока тага и дека нејзините насмевки се лажни.

–          Знам како се смее од малечка. Ова не е тоа, не е вистински среќна, истакна Томас Маркл, кој додава дека неговата ќерка веќе не одговара дури и на неговите пораки.

Тој вели дека неговата здравствена состојба е тешка и дека сака повторно да оствари контакт со неговата ќерка. Таткото на Меган Маркл додава дека и претходно не се гледале често, но дека никогаш немале толку долг прекин во комуникацијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.