//
Следи нѐ
To Top

Ексклузивни „мит енд грит“ влезници за концертот на Шон Пол

Во пресрет на најголемиот концертен спектакл летово и гостувањето на една од најактуелните светски ѕвезди Шон Пол (Sean Paul), закажано на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје, ве известуваме дека од денеска во продажба ќе бидат пуштени и ВИП и Ултра ВИП влезници.

Поради големиот интерес на домашната публика овие влезници, заедно со досегашните за партерот и фан питот, до среда (25 јули) ќе се продаваат по претпродажна, односно промотивна цена.Влезниците до среда ќе се продаваат по цена од 1 100 денари за партер, 1 600 за фан пит, 2 200 за ВИП делот (пакети со вклучени пијалаци) и 6 900 денари за ултра ВИП делот, а потоа ќе бидат објавени регуларните цени.

реклама

Ултра ВИП влезниците ќе бидат пуштени во многу мала количина и ќе бидат со ексклузивен ‘meet and greet’ настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде организирана на највисоко ниво.

Шон Пол во Скопје доаѓа директно од Кардиф, Велика Британија, а негова следна дестинација по гостувањето во главниот град ќе биде Унгарија од каде оди на азиската турнеја. Повеќекратниот Греми добитник на скопскиот концерт доаѓа со комплетна екипа составена од врвни танчарки и музичари, а на сцената во Скопје ќе ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои соработките со Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета…

Не ja пропуштајте единствената можност да бидете дел од ексклузивниот музички спектакл во регионот, концертот на уникатниот музичар од Јамајка, добитникот на Греми, единствениот Шон Пол.

Концертот е закажан на 23 август, на Стадионот АРМ, а е со почеток во 20 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: