//
Следи нѐ
To Top

Потписите ги откриваат тајните на Меган Маркл, Трамп, Закерберг…

Графолозите тврдат дека нашиот ракопис открива многу за нас и говори за нашиот нарав, навики и карактер. Поттикнати од автограмот што војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го даде на еден свој обожавател, „Дејли Меил“ објави анализа на потписите на неколку светски познати личности.

Непишано правило е членовите на британското кралско семејство да не даваат автограми, за тие потоа да не станат предмет на продажба, или пак да бидат фалсификувани. Обично исклучоците од тоа правило се случуваат несакајќи и од невнимание, но тоа отвори можност за анализа на најновата членка на кралското семејство.

реклама

Според експертите за ракопис, Меган Меган е романтична, страствена и посветена жена која и во деновите кога не е во најдобро расположение, знае да  го прикрие тоа со својата позитивност.

Пејачката Адел пак, според нејзиниот потпис, исто така е позитивна, емотивна личност која сонува за совршената љубов. Таа цели високо, но постојано е приземна.

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг е оригинален креативец, но честопати во потфатите му треба поддршка и поттик од блиските.

Британската премиерка Тереза Меј е полна со гордост и достоинство, но понекогаш сака и да се истакне како центар на вниманието. Слично е и со Борис Џонсон, кој сепак е оквалификуван и како одговорен политичар.

Американскиот претседател Доналд Трамп пак, според потписот, е „алфа мажјак“, свесен за својата моќ, како и нарцисоиден, сметаат британските графолози.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајули 21, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајули 21, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајули 21, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: