//
Следи нѐ
To Top

Странските навивачи потрошиле 1,3 милијарди евра на Мундијалот во Русија

Според извешатјот на руската „Сбербанк“ странските навивачи за време на Светското првенство во фудбал во Русија потрошиле околу 1,3 милијарди евра.

Податоците на „Сбербанк“ се однесуваат за периодот од 14 јуни до 16 јули, при што се вклучени сите плаќања со странски кредитни картички, но и плаќањата во готовина преку менувањето на валути во нејзината банкарска мрежа.

реклама

Навивачите од странство за престој во хотелите потрошиле 67,9 милиони евра, но се претпоставува дека оваа сума е значително поголема ако се земе предвид дека се користени и други видови на сместување.

Рестораните заработиле 582 милиони евра, додека 244 милиони евра се потрошени за брза храна.

Во кафетериите, продавниците за сувенири и за транспорт се потрошени 186 милиони евра.

Навивачите за време на Мундијалот на лекови во аптеките потрошиле 6,4 милиони евра, додека за спортска опрема 46 милиони евра.

Според статистиката на „Сбербанк“ биле разменети валути од 190 држави, додека најмногу кредитни картички користеле навивачите од САД, Кина и Мексико.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: