Следи нѐ
To Top

Вистинска реткост во скопската зоолошка – се роди албино кенгурче (ФОТО)

Вработените во скопската зоолошка градина велат дека се случила вистинска реткост, откако пред неколку месеци се роди албино кенгурче, од фамилијата на австралиски кенгур.

Албино кенгурите имаат снежно бело крзно и розе очиња и рачиња. Интересно за мајките-кенгури е тоа што мајката го носи бебето во торбичката, а тоа на таков начин цица и патува. Во првите месеци младенчето воопшто не излегува од торбичката на мајката, па вработените воопшто не знаеле дека се родило албино кенгурче.

реклама

Инаку, ова не е првиот албино кенгур во нашата зоолошка, затоа што таа е дом и на Пикси, албино кенгур која е питома и обожава да се гали со луѓе.

Во продолжение погледнете ги фотографиите:

This slideshow requires JavaScript.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.