Следи нѐ
To Top

Неуспех – мајка родилка на успехот

Како потсетување за сите нас земни суштества, не очајувајте по неуспехот, тој го најавува успехот, неуспехот е долга предигра на успех без кој нема среќен крај…

Потсетување особено за нас возрасните, на крајот на учебната година , да се преиспитаме за успехот на нашите деца во било кој поглед, само погледот да не е преамбициозен па да не отиде во недоглед не гледајќи го она што ни е блиску до носот.

реклама

Брзиот живот и промените не туркаат во бропотезни решенија , а се почесто и во брзи одлуки при воспитувањето на децата, па наградите за успехот ( кој може да е релативен колку што и глупоста може да е апсолутна) добија материјалистичко руво во облик на најнов телефон, компјутер без лимит, возила на две или четири тркала, трчање по брендови низ моловите на метрополите и слични награди за приложениот успех.

Пропорционално со таквите награди се и казните, недобивање или лишување од истото! Материјалните награди се убави кога ги гледаш и користиш, но дали може да ја надокнадат духовната празнина која не се исполнува ни со полни банкарски сметки, ниту со остварени врски, ниту со лајкови, ниту со пехари, ниту со предмети, ако сето тоа не е продукт на зреење преку личен развој и одговорности.

Наградата која се купува е само краткотрајно решение за привремен мир во куќа. Но ако успееме некого да наградиме и да го научиме да се чувствува наградено со топол збор, пофалби, зборови полни со љубов и почит , ние сме го наградиле со трајни вредности, моќта на зборот е посилна од сето материјално на светот. Во ова материјалистичко време на премерување љубов преку престиж, покажување на истото преку социјалните мрежи и разни медиуми, стана наивно па и невозможно да ги воспитаме децата да не ги вреднуваат луѓето преку симболите на лажен успех. Да се преиспитаме сите, како им е на оние деца кои се отфрлени од своите врсници само затоа што не поседуваат предмети на “успех” дарувани од нивната успешна околина!

Родителите ( или старателите ) тешко ги преживуваат моментите на материјален хендикеп кога нивните деца немаат можности како децата на успешните ( богатите – придавка која во поново време е синоним за успех), но мора да ги користат најважните алатки при воспитувањето , а тоа се љубов и добрина од кои се изродуваат многу доблести. Ако така ги воспитаме ќе сфатат дека оценките не се најважни и кога не се сите петки или десетки, особено кога се подарени и незаслужени какво задоволство од нив. Важно е да се преиспитаме дали детето се остварило и преку други цели , преку разни активности , дали ги препознало и развило своите вештини и способности како одраз на својата посебност.

Петките се исти, како клонови никнуваат изненадувачки од циркусот полн со кловнови и на сите ни изнудуваат насмевки и аплаузи, но колку моменталната среќа може да ја задоволи човековата потреба за сеопфатност? Ако вашите деца не успеале да се запишат каде што сакале заради дефицит на “петките што упис значат” не ги карајте и казнувајте, поминете го заедно летниот распуст работејќи врз нивната самодоверба со посветено активирање на сите нивни вештини и способнисто кои ги препознавате кај децата, комуницирајте доволно за да им ја поттикнете желбата за себеосознавање.

Важно е да останат на здрави нозе чекорејќи преку релативните неуспеси до успехот кој вистински ќе им значи. Екстремите во воспитувањата продуцираат невротичност кај децата ( по систем или сум добар или лош а, ла доктор Џекил и мистер Хајд), не правете такви топло-ладни шокови, не секој спортски ги преживува. Но еден пријатен, секогаш топол однос кој има соодветни ограничувања во побарувањата и желбите , продуцираат доследно воспитани деца за сите прилики и неприлики. Огледало на нашите воспитни и образовни ангажмани може да се забележат како конечни многу подоцна во текот на животот на нашите деца. Правилата на игра при воспитувањата мора сите да ги почитуваат, од најмладите до најстарите членови на семејството и обично бабите и дедовците знааа да бидат ” расипувачи” на играта, од чиста љубов без да насетат дека ги разгалуваат внуците, затоа што децата знаат да бидат манипулатори и читачи кај кого како може да поминат ( ова важи и за нас наставниците и учениците, доволни им се 45 минути да не прочитаат ).

Колку за потсетување за сите нас, додека уживаме на заслужените одмори по успешната или неуспешна полугодишна работна година, крај на учебна, студенска, магистерска или која и да е титуларна година, прифатете ги неуспесите како нужни патеки до конечниот пат до успехот – успехот е чедо на неуспехот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Интернетот загосподари…

    Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без...

    Татјана Алексиќјули 24, 2018
  • Бес(з) трага од омраза

    „Од утро се мразам себе, а до вечер мразам се’ околу себе“. реклама

    Татјана Алексиќјули 24, 2018
  • Теломанија

    „Ех да имам лепо тело плесао бих вече цело “ – Рок групата „Лабораторија звука“ , осумдесетите години на бившите Ју...

    Татјана Алексиќјули 24, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.