Следи нѐ
To Top

Се зголемува бројот на загинати во Грција, сѐ уште непознато колку лица се исчезнати

Бројот на жртви во пожарите во областа Атика, се искачи на 76, додека пак останува и понатаму непознато колку лица се исчезнати.

Спасувачката акција продолжува со проверка на домовите и становите зафатени од пожарот, за евентуално да се откријат загинати или исчезнати граѓани.

реклама

Во Грција, постои стравување дека бројот на жртвите ќе достигне  троцифрен број.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, населбите погодени од пожарот, се без вода и електрична енергија.

Спортската сала во населбата Рафина, од вчера е адаптирана, со кревети, душеци и неопходни продукти за да им се обезбеди кров над глава на сите оние што во пожарот ги загубија нивните домови.

Волонтери, организации, граѓани, грчките општини, веќе започнаа хуманитарни акции за помош на настраданите.

Паралелно, грчката влада соопшти вонредни економски мерки за настраданите во пожарите.

Министерството за финансии одвои 20 милиони евра за потребите на општините и граѓаните што беа директно погодени, ќе се отвори специјална банкарска сметка од министерството за донации, додека пак за настраданите предвидени се даночни олеснувања. Откако ќе се регистрираат материјалните штети, грчката влада ќе објави дополнителни пакет мерки за поддршка на семејствата на жртвите и на оние чии домови беа уништени.

Од вчера, со одлука на грчката влада, како што соопшти премиерот Алексис Ципрас, во Грција беше прогласена тридневна национална жалост.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.