//
Следи нѐ
To Top

Релјеф со човек на велосипед во храм стар 2.000 години

Познато е дека велосипедот е измислен во 19. век. Меѓутоа, на ѕид од храмот Панчаварнасвами во јужна Индија, стар 2.000 години, е откриено уметничко дело што прикажува човек на возило на две тркала.

Храмот е изграден за време на тамилската Чола династија. Градителите на храмот стар два милениума како да го предвиделе современиот велосипед, доколку фреската е автентична, т.е. не е додадена подоцна, јавува „Мирор“.

реклама

– Историчарите велат дека велосипедот е измислен пред 200 години, но како тогаш ова дело се нашло во храмот стар две илјади години?, прашува истражувачот Правин Мохан, кој ја пронашол оваа резбарија.

На тоа прашање се уште нема конкретен одговор, а има најмалку едно рационално објаснување.

Имено, храмот е реновиран 1920 година, кога велосипедот веќе бил масовно прифатен во цел свет. Многу е веројатно рељефот да е дело на некој современ уметник, воодушевен од практичниот пронајдок на две тркала, а што учествувал во обовата на храмот. Оваа теорија за потеклото на овој уметнички детаљ се уште не е официјално потврдена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијајули 27, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијајули 27, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијајули 27, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: