Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Планината“ во Лос Анџелес понудена на продажба за милијарда долари

Занимливости

„Планината“ во Лос Анџелес понудена на продажба за милијарда долари

Имот наречен Планината, на височинка над Беверли Хилс во Лос Анџелес, е понуден на продажба за милијарда долари – највисоката цена постигната за еден имот во историјата на калифорниската метропола.

Се работи за едно од ретките големи парчиња земја во околината на градот кои не се комерцијално искористени. Просторот од 635.000 квадратни метри е поделен на 17 парцели, од кои може да се издвојат шест за луксузни вили кои лесно би достигнале цени над 100 милиони долари, особено имајќи го предвид погледот кој се простира преку целиот Лос Анџелес и островот Каталина.

Имотот бил во сопстевеност на персиската принцеза Шамс Пахлави, која планирала да изгради палата, а подоцна го купил продуцентот Мерв Грифин, кој предвидел палата со базени и хелипад, но поради финансиските проблеми морал да го продаде за скромни осум милиони долари на Марк Хјуз, основачот на компанијата Хербалајф. Хјуз починал пред да може да изгради нешто на оваа локација.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.