//
Следи нѐ
To Top

Сончево, попладне локален дожд, температура до 34 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а  дневната од 24 до 34 степени.

реклама

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Од понеделник продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или помалку под просечните за овој период од годината.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: