//
Следи нѐ
To Top

Во Атина одржан собир во чест на жртвите во пожарите

Со свеќи во рацете и со едноминутен молк, тивко, мирно, Грци од сите возрасти се собраа синоќа на атинскиот плоштад Синтагма пред грчкиот Парламент и пред споменикот на незнајниот јунак за да им оддадат почит на жртвите од пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Со свеќите формираа срце, а во него бројките 23 и седум односно датумот на катастрофалните пожари – 23 јули, во кои загинаа 91 лице, а 25 се водат за исчезнати.

реклама

„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис, кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари.

– Можеби никој не се извини, сметам дека нашето извини за овие дечиња, за овие луѓе што загинаа е најмалку што можеме да направиме, објави кошаркарот на неговиот Фејсбук профил и ги повика граѓаните да му се придружат.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: