//
Следи нѐ
To Top

Шон Пол ги поздравува македонските фанови! (ВИДЕО)

Одбројувањето до најголемиот музички спектакл летово, концертот на една од најактуелните светски ѕвезди во моментов – уникатниот музичар од Јамајка, добитникот на Греми, единствениот Шон Пол – може да почне!

Настапот на сопственикот на најактуелните светски хитови и соработките со ѕвезди од калибарот на Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета… е закажан на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје со почеток од 20 часот.

реклама

Шон Пол во Скопје доаѓа во склоп на летната турнеја и со својата комплетна 17-члена екипа која вклучува танчари, бенд, како и техничка поддршка. Поради следниот закажан концерт Греми добитникот во главниот град нема да се задржи долго, но судејќи според рајдер листата тоа ќе му биде сосема доволно да се запознае и со домашната публика и со главниот град. Во однос на барањата што треба да има на располагање пред и по концертот, слободно може да се заклучи дека е и повеќе од скромен, а неговата листа со барања изгледа отприлика вака – доволно чист простор за него и неговата екипа, многу вода, овошје и храна која би требало да е свежо приготвена…

Колку за потсетување билетите за најголемиот музички спектакл летово, концертот на Шон Пол чинат: 1 500 денари за партерот, 2 100 за фан питот, ВИП влезница чини 2 700 денари, додека оние за ултра ВИП делот се 8 500 денари – ова се всушност влезници во ограничена количина и се со ексклузивен ‘meet and greet’ настан по концертот, каде фановите ќе може да се запознаат со Шон Пол и да уживаат во коктел забава, која ќе биде организирана на највисоко ниво.

Не ja пропуштајте единствената можност да бидете дел од ексклузивниот музички спектакл во регионот, концертот на уникатниот музичар од Јамајка, добитникот на Греми, единствениот Шон Пол.

Се гледаме на 23 август – Стадион АРМ – 20 часот!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: