Следи нѐ
To Top

Јакимовски на распит во Кривичен суд

Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, по извршениот претрес во неколку објекти на неговото семејство од страна на Финансиската полиција, ноќеска е однесен на распит кај судија на претходно постапка во Кривичниот суд.

Од Судот засега нема официјални информации за епилогот од  распитот. Нема потврда ниту за информацијата што ја објавија дел од медиумите, дека е побаран притвор за Јакимовски.

реклама

Финансиската полиција вчера попладне изврши претрес во неколку објекти на семејството Јакимовски. Од Финансиската полицијата најавија дека денеска ќе соопштаат повеќе информации за акцијата.

Јакимовски, пак, во изјава за медиумите рече дека ова е поврзано со наводни малверзации со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец, односно тоа што општината не ги активирала банкарските гаранции, иако ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и договорот бил раскинат.

Според него, станува збор за техничка грешка на општинските служби, а ова е политичка одмазда против него.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.