Следи нѐ
To Top

Направете ефектни селфи фотографии со беспилотниот „ЕрСелфи 2“

Ако сте навистина опседнати со правењето селфи фотографии, тешко селфи-стикот веројатно нема да Ви биде доволен, туку Ви треба нешто понапредно – а тоа е „ЕрСелфи 2“ (AirSelfie 2).

Уредот претставува мало безпилотно летало (дрон) со џебни димензии, придвижуван од четири минијатурни перки. На куќиштето, тој носи 12-мегапикселна камера со 85 степении агол на гледање за слики и видео во ФулХД резолуција, а батеријата со капацитет од 400 милиампер часови му овозможува до пет минути лет.

реклама

Во куќиштето има уште 16 гигабајти вградена меморија, што е доволно за неколку фотосесии. Опсегот на далечинското управување преку апликација за Андроид и ајОС е околу 18 метри. Сето ова е сместено во уред со тежина помал од 85 грама и со големина на обичен паметен телефон.

„ЕрСелфи 2“ е конструиран од алуминиум и се продава во црна, сребрена, златна и розово-златна боја – што значи дека најверојатно можете да го купите во иста боја како вашиот телефон.

Цената на уредот е околу 200 долари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

  • Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

    Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш...

    Информативна Редакцијаавгуст 11, 2018
  • Чернобил повторно произведува струја

    Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи...

    Информативна Редакцијаавгуст 11, 2018
  • Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

    Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и...

    Информативна Редакцијаавгуст 11, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.