Следи нѐ
To Top

Сѐ е подготвено за утрешниот концертен спектакл на Шон Пол! (ФОТО)

Се е подготвено за најголемата забава ова лето!

Шон Пол, кој се очекува да пристигне во Скопје доцна вечерва, ќе пристигне заедно со огромна екипа – која подразбира бенд, техничка поддршка и, секако, тука се неговите „денсхол“ танчарки, чиј уникатен стил на танцување дополнително ќе ја загреат атмосферата.

реклама

Што се однесува до техничкиот дел и изгледот на сцената – ексклузивно ви пренесуваме фотографии од спектакуларната бина чија фронтална димензија е повеќе од 40 м. За потребите на овој концерт на бината ќе биде направена дополнителна конструкција на која ќе бидат сместени тапаните, клавијатурите и диџејот за во предниот дел да има што е можно повеќе простор за танчарките.

Сѐ е подготвено за утрешниот концертен спектакл на Шон Пол! (ФОТО)

Ќе има повеќе од 100 светлосни тела и повеќе од квадратни метри лед екрани. Концертот ќе има уште неколку уникатни детали, специфични само за Шон Пол, но тоа нема да го откриеме и ќе го оставиме како изненадување за присутните.

Сѐ е подготвено за утрешниот концертен спектакл на Шон Пол! (ФОТО)

Организаторите велат дека Шон Пол е скромен во своите барања – на својата рајдер листа побарал доволно чист простор за него и неговата екипа, многу вода, овошје и свежо приготвена храна.

Остануваат помалку од 24 часа до најголемата забава ова лето – стадион на АРМ со почеток во 20 часот!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.