Следи нѐ
To Top

Најновиот, супер моќен член на Галакси семејството -Galaxy Note9 претставен во Македонија

Компанијата Самсунг во Македонија го претстави Галакси Ноут9 (Galaxy Note9) – најновото дополнување на својата серија премиум Ноут (Note) уреди. Новиот Галакси Ноут9 обезбедува неверојатни перформанси, ново “С“ Пенкало (S Pen) со можност за Блутут (Bluetooth) поврзување и најинтелигентна Самсунг камера.

„Галакси Ноут9 е новото дополнување на нашата Ноут серија која од година во година ги надминува очекувањата на корисниците кога станува збор за перформансите и иновативните технологии кај паметните телефони. Овој уред поседува голем број на импресивни карактеристики кои ќе им помогнат на корисниците да го извлечат максимумот од своите секојдневни активности, без разлика на тоа каде се наоѓаат.” – изјави Марјан Блажевски, Директор за продажба на телекомуникациски производи на Македонскиот пазар во Компанијата Самсунг Електроникс, во рамки на официјалното претставување на Галакси Ноут9.

реклама

Најновиот, супер моќен член на Галакси семејството -Galaxy Note9 претставен во Македонија

Корисниците на паметни уреди секојдневно се потпираат на своите телефони за речиси сè што прават. Тие имаат потреба од телефон кој нема да ги изневери, а Галакси Ноут9 со својата батерија од 4.000 mAh со долготрајна моќност за целодневна употреба овозможува разговори, пишување, играње игри и гледање филмови од утро до вечер. Ноут9 е достапен со внатрешна опција за зачувување податоци од 128GB. Со можноста за вметнување микроСД (microSD) картичка, новиот уред обезбедува доволно простор за омилените содржини на корисниците.

Галакси Ноут9 е супер моќен паметен телефон со најсовремен 10nm процесор и поддршка за највисоките мрежни брзини достапни на пазарот (до 1,2 гигабити во секунда). Овој паметен телефон го вклучува и водечкиот во индустријата, развиен од Самсунг, систем за ладење со вода и јаглерод и алгоритам за адаптирање на перформансите базиран на вештачка интелигенција (АИ), за да ги испорача моќните, но стабилни перформанси.

Најновиот, супер моќен член на Галакси семејството -Galaxy Note9 претставен во Македонија

Галакси Ноут9 пристигнува со Супер АМОЛЕД (Super AMOLED) Бесконечен Екран (Infinity Display) од 6,4-инчи со досега најголем приказ од еден до друг раб од целата Ноут серија, за навистина извонредно мултимедијално искуство. Надополнет со стерео звучници, подесени од АКГ (AKG) и способност да се испорача извонредно аудио од Долби Атмос (Dolby Atmos®), видеото гледано од мобилен уред е одлично искуство.

Галакси Ноут9 на македонскиот пазар ќе биде достапен од 24. август 2018 година, а корисниците ќе може да го одберат својот модел во Полноќно Црна и Лаванда Виолетова нијанса, како и новата Океанско Сина нијанса со уникатно жолто “С“ Пенкало. Препорачаната продажна цена за Самсунг Галакси Ноут9 изнесува 59.999 денари, а сите заинтересирани купувачи ќе може да го набават уредот од салоните на продажните партнери на Самсунг – Македонски Телеком, ВИП, Сетек и Нептун.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.