Следи нѐ
To Top

ФЈУЖН ПРОДАКШН: „Во целост ќе се рефундираат парите од билетите за концертот на Шон Пол“

Откако вчера неочекувано беше откажан долгонајавуваниот концерт на светскиот хит-мејкер Шон Пол, продукцијата Фјужн Продакшн испраќа соопштение поврзано со причините за откажување на истиот.

Во продолжение можете да го прочитате интегралното соопштение:

реклама

Поради тоа што во рекордно кратко време во јавноста почнаа да се шират многу шпекулации, би сакале да ве информираме што точно се случуваше непосредно пред откажувањето на концертот во Скопје кој требаше да се одржи на 23 август.

This slideshow requires JavaScript.

Екипата на Шон Пол пристигна на Скопскиот аеродром вечерта на 22ри Август и беше пречекана на највисоко ниво. Уште пред нивното пристигнување сцената беше целосно поставена на стадионот на АРМ и беше овозможено да техничарите од тимот на Шон Пол непречено го програмираат осветлувањето во текот на ноќта, се со цел да наредниот ден по пристигнувањето на Шон Пол може веднаш да се направи и тонската проба. Иако наредниот ден сите подготовки за непречено одржување на настанот беа комплетно и навремено завршени, поставени сите детали, шанкови, тоалети, огради, влезови и слично,  за жал, поради ненадејни случувања Шон Пол не беше во можност да пристигне во Скопје во закажаниот термин.

Со часови се обидувавме заедно со менаџерите на Шон Пол кои веќе беа пристигнати во Скопје и презадоволни од сцената и организацијата, да изнајдеме решение за концертот да се одржи и започне во закажаното време. Сите бевме свесни дека обожаватели ќе има во голем број и разочарувањето ќе биде огромно доколку настанот не се одржи во закажаниот термин. Но за жал, на крајот, сите моравме да го прифатиме фактот дека концертот сепак ќе мора да се откаже и презакаже за во блиска иднина. Идеално ќе беше да можевме да го презакажеме за наредниот ден 24 Август, но поради веќе закажаниот термин за настапувањето во Унгарија на 25 Август, тоа беше невозможно. Поради фактот што поголем дел од денот заедно со неговата екипа се обидувавме да пронајдеме решение на настанатиот проблем, бевме приморани објавата за откажување на концертот да ја направиме во попладневните часови, кога веќе на сите им беше јасно дека откажувањето е неизбежно.

Fusion Production им се извинува на сите обожаватели и поддржувачи на настанот, и истовремено ја користи оваа можност да им се заблагодари на сите соработници што имаа доверба во нас и се надеваме дека истата наскоро ќе ја оправдаме. Исто така голема благодарност им изразуваме на сите обожаватели кои ни даваа поддршка, особено оние кои купија билети, и на сите нив во целост ќе им бидат рефундирани средствата.

Преговорите за презакажување се веќе во тек и очекуваме дека подетални информации ќе имаме за десеттина дена, за неколку дена ќе ве известиме и за точниот датум кога ќе бидат рефундирани  средствата за купените билети.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.