Поврзи се со нас

Популарно.мк

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: 12-годишниот Марко го преплива Охридското Езеро

Останато

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: 12-годишниот Марко го преплива Охридското Езеро

Дванаестгодишниот Марко Пејчиноски доцна попладнево, по повеќе од 9 часа пливање, го преплива Охридското Езеро.

На Градската плажа во Охрид беше пречекан со силен аплауз од илјадници граѓани.

Марко има доживеано инфаркт на коска на долни екстремитети, но тоа не го спречило да продолжи да се занимава со омилениот спорт – пливањето и да ја исполни големата желба, да го преплива Охридското Езеро.

Ова момче со челична волја заплива во езерските води околу 9.30 часот кај Св. Наум и по девет часови битка со временските неприлики и езерските струи, Марко успеа во својот херојски подвиг.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Останато

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.