Следи нѐ
To Top

Бес(з) трага од омраза

„Од утро се мразам себе, а до вечер мразам се’ околу себе“.

Анимозитетот кон различноста, неприфаќање на понакви, презир кон туѓо мислење, историска затвореност, само(себе)доволност до егоизам, бесчувствителност за туѓи емоции, недоверба и сомнеж кон остатокот од светот, направија од светот затворен круг на патологија. Светот стана хомогенизација на омраза со менталитет на мразење, а хејтот и спинот во електронскиот свет, волшебни стапчиња да се постигне целта – мразам значи постојам!

реклама

Уште полошо е што злобните и зли суштества не се „казнети“ како во приказните, туку уживаат во својата репутација на ширење страв со која контролираат с,е околу себе и се достојни за восхит заради „цврстиот карактер“. Хејтот стана знак за препознавање, колку погрди зборови –толку повеќе лајкови и споделувања.

Да го споделиме хејтот за да се снеубави денот и да читаме нешто неубаво за другиот , за нас да ни биде поубаво!
Колективната омраза ги неутрализира личните фрустации, се претопуваат една со друга во бескрај… Е тогаш, бестрага да ни е на сите, неспособноста за емпатија и морална интелигенција е капитал на омраза која умешно се акумулира создавајќи „трајни вредности“.

Во еден таков патоген и дефектен систем, добрината се смета за глупавост, добронамерноста за лицемерие, добриот збор како слаткоречие и ласцивност, воспитаноста е глумење од интерес, воздржноста од навреди како немоќ , неконфликноста како слабост и с,е обратно од она за кое некогаш и некаде сме биле воспитувани и сме воспитувале. Каде оди овој свет и кои сили го туркаат во амбис, па нели љубовта беше посилна од се, добрината доблест, скромноста красивост ?

Недостатокот на граѓанска култура, политичка малолетност (читај малоумност), погрешно сфатена демократија се субјекти препознатливи и за националната омраза. Национализмот на другиот наоѓа слабости да удри по третиот, додека првиот заборава да ја чува својата националност мразејќи туѓа…Така се затвора кругот на омраза, омраза раѓа омраза која води кон насилие, деструктивност и бестијални судири низ светот. Олицетворение на таквите космички судири се и малите микро светови на виртуелната комуникација, мали , ситни хејтчиња како за „разбибрига“ , само за да омаловажиш некого себеистакнувајќи се. Сепак, да не заборавиме на огледалото и да не му се лутиме ако лицето ни е грдо, омразата колку и глупоста се бескрајни, препознатливи дури и во погледот, не мора ниту збор да кажеме.

Мизантропијата создава општествена невроза на луѓе онеспособени за алтруизам и солидаризација без умисла, чиста и спонатана како кај децата. Нашата немоќ да ја задржиме љубовта кон луѓето различни од нас, се префрла врз децата кои се учат да не бидат добри ( читај глупави) и дека како такви ќе бидат злоупотребени. А да бидат добро воспитани, образовани и полни со љубов за промена, може ќе ја промениме насоката на движењето во хаосот на омразата? Низ историјата се потврди парадоксот дека човекот се потврдува себе си ништејќи ја љубовта кон другиот , што е деструктивна ирационалност.

Омразата обесчовечува, човек што мрази неспособен е за покајување, заслепено не си ги гледа грешките, а само со љубов и толеранција може да се поправи расипаното.

Крајно време е за поправен испит, да ја почнеме новата учебна година како почеток поважен и од почетокот на Новата година, како почеток на сите почетоци затоа што образованието е ( треба да е ) „волшебното стапче“ за ширење љубов и толеранција. Со умност и убост во новата учебна 2018/2019 година и да почнеме од почеток!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Интернетот загосподари…

    Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без...

    Татјана Алексиќсептември 1, 2018
  • Теломанија

    „Ех да имам лепо тело плесао бих вече цело “ – Рок групата „Лабораторија звука“ , осумдесетите години на бившите Ју...

    Татјана Алексиќсептември 1, 2018
  • Распуштени и опуштени…

    Ослободени од општествена одговорност и свртени кон семејството, за време на годишниот одмор треба да си посветиме внимание едни на други...

    Татјана Алексиќсептември 1, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.