Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Почнува бесплатното микрочипирање на милениците

Вести

Почнува бесплатното микрочипирање на милениците

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска во Универзитетска ветеринарна болница при Факултетот за ветеринарна медицина ќе аплицира микрочип на домашен миленик. Со тоа и официјално ќе го означи почетокот на кампањата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици – кучиња и мачки.

На настанот ќе присуствуваат и претседателот на Ветеринарната комора на Македонија Томислав Николовски, како и професорот Пламен Тројанчанец од Ветеринарната болница.

Бесплатната идентификација и регистрација на домашните миленици (кучиња и мачки) ќе трае до 31 март идната година, односно додека не се потрошат набавените 100.000 микрочипови, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Како што информира завчера директорот Атанасов кога ја промовираше кампањата, договори за бесплатно микрочипирање се склучени со 135 ветеринарни друштва. Сопствениците на милениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.