//
Следи нѐ
To Top

Црвено месо и млеко за долговечност

Луѓето кои јадат црвено месо и сирење повеќе од препорачаното живеат подолго, објави Дејли телеграф. Резултатите се однесуваат на истражување направено на научниците од Универзитетот Мекмастер во Канада.

Според експертите, три порции полномасни млечни производи и една и пол порција месо дневно можат да го намалат ризикот од рана смрт за една четвртина. Резултатите од истражувањето се спротивни на препораките на здравствените работници да се ограничуваат полномасните производи.

реклама

Луѓето кои јадат повеќе масти обично ги намалуваат јаглехидратите кои никако не се корисни кога се преработени во слатки храни.

Во истражувањето се опфатени 220.000 луѓе.

-Резултатите ни покажуваат дека млечните производи и месото се корисни за срцето и за долговечноста. Тоа е спротивно на сегашните здравствени препораки, сумираше д-р Салим Јусуф од тимот. –

Канадските научници не го опфатија пилешкото месо, но други истражувања покажаа дека и тоа ја спречуваат раната смрт на ист начин како и црвеното месо.

Во здравата исхрана треба да има и осум порции овошје и зеленчук дневно и по половина порција јатки и бобинки, потсетија канадските научници.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијасептември 2, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијасептември 2, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијасептември 2, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: